Мец, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонските ракометари не смогнаа сили да приредат изненадување и да освојат бод против фаворизираната Шпанија иако 42. минути нашата селекција играше рамноправно со поранешниот светски првак.
Синоќа во Мец во рамките на четвртото коло, во Б групата на СП, Шпанија ја победи Македонија со 29-25.
Македонија денеска од 17:45 часот ќе ја заврши првата фаза со дуелот против Исланд. Доколку нашите ракометари победат или изборат нерешен резултат ќе го обезбедат третото место на табелата во Б групата и ќе го избегнат домаќинот Франција во следното коло. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19