Мелбурн, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најголемата сензација во Мелбурн на Australian Open ја направи Узбекистанецот Денис Истомин, елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ уште во 2. коло
.
Ѓоковиќ остана без титулата во Мелбурн и за првпат беше елиминиран во раната фаза на некој Грандслем турнир уште од 2008 година. Истомин е првиот тенисер под 100. место на АТП листата на кого му пошло од рака да го победи србинот на еден Грандслем турнир во кариерата.
Узбекистанецот кој е 117-ти играч на светот стигна до триумф во пет сета, со 7-6,5-7,2-6,7-6 и 6-4.
Сега следува уште поболен период за Ѓоковиќ, бидејки по оваа елиминација, тој ќе загуби 1955 поени на АТП рангирањето и драстично ќе го одалечи од првата позиција која сакаше да ја врати од Енди Мареј. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: Б92