Џакарта, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Настапот на Владимир Василевски Четкар на еден од најголемите музички фестивали во светот, Џава Џез Фестивалот во Џакарта предизвика голем интерес во Индонезија и пошироко откако фестивалот на својата официјална вебстрана ( https://www.javajazzfestival.com/ ) го најави концертот на македонскиот џез, соул, фанк артист рамо до рамо со музичката легенда Чик Кореа.
Фестивалот започнува на 3-ти март.
Издвојувањето на концертот на Четкар од исклучително богатата музичка програма на Џава Фестивалот воедно претставува огромно признание за неговата музика и кариера особено што на фестивалот оваа година ќе настапат голем број на интернационални музички ѕвезди меѓу кој Чик Кореа, Ричард Бона, Инкогнито, Ди Ди Бриџвотер, Артуро Сандовал, Дејв Векл, Нејтан Ист, Харви Мејсон, Серџио Мендез, Стенли Џордан, Бебел Жилберто и многу други имиња. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива