Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи попладнево околу 16:30 часот на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан.
Порталот ОхридНет јави дека во незгодата е повредено едно лице кое било задржано во Општата болница во Охрид и во моментов е надвор од животна опасност. Во возилото бил само возачот кој од, до овој момент непознати причини излетал од патот и удрил во електричен столб. По ударот возилото се превртило.
По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода бил направен увид од полициски екипи. (Крај)
извор: ОхридНет фото: ОхридНет
Прочитано: 23