Охрид, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одвиваат последните активности во рамките на годинешната петта Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми, која се одржува во „Куќата на Уранија“ во Охрид.
Предавачите годинава се осврнаа на голем број прашања, поврзани со глобализацијата, миграциите, туризмот, фундаментализмот, радикализмот.
Оваа година има најголем број на учесници, 57, од 11 земји, домаќинот Македонија, потоа Турција, Србија, Бугарија, Грција, Албанија…
Во однос на еден од проблемите со кои се соочува светот, исламскиот радикализам, проф. Д-р Земон објасна дека научниците даваат насоки, кои е пожелно да се применат.
– Тоа е предизвик, не само на Балканот, туку и во светот. Во секој случај тој исламски фундаментализам ги има своите историски корени многу длабоко, не е само во современието. Научните можат да дискутираат за тоа како тема, а ако се послушаат за насоките, ќе биде подобро за земјите за справување со овој проблем, вели проф. Д-р Рубин Земон од Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје.
Конференцијата е во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија (Република Турција), како и организацијата „Мирас“ од Баку (Република Азербеџан).
Темата на овогодишната меѓународна конференција беше „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес