Охрид, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве интензивно се работеше на остранувањето на дефектот на водоводната линија под резервоарот Кале, потврдуваат од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“, Работна Единица „Водовод“.
Во моментов без проблеми тече напојувањето со вода на овој потег од градот, како и на територијата на целата општина. Поради непристапноста на теренот, екипите имаа мали потешкотии со санацијата. Проблем имаше на месноста „Дрвара“.
Одговорните од „Водовод“ велат дека најголем проблем во зимските месеци претставуваат викенд становите, чии сопственици не се тука. Доколку дојде до пукање на цевки поради студ, екипите на водовод не можат да интервенираат. Во зградите каде има доста празни станови, доколку се појави проблем, јавното претпријатие се соочува со големи губитоци на вода. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива