јануари 20, 2017

Охрид, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Точно 27.910 денари се собраа во рамките на „За Добро“ хуманитарната акција која вчера ја организираа охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо, кој боледува од тумор Астроцитома, кој треба да се оперира во Италија.uplatnicatamarosuperradio

– Во вчерашната акција охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост и успеавме да собереме точно 28.652 денари, кои се веќе уплатени на жиро сметката. Нашите активисти вчера продадоа неколку стотини вкусни слатки од слаткарата „Анабела“. Тие беа посебно запакувани, а се продаваа по цена која ја одбираа самите купувачи, велат организаторите кои упатија уште една јавна благодарност до сите угостителски објекти во градот кои ја поддржаа акцијата и дозволија во нивните објекти да се спроведе акцијата.

Комплетната акција е организирана и поддржана од иницијативата „За добро“ на Супер радио.

Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука