Ливерпул, 22. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската икон на Ливерпул, Стивен Џерард, се врати во Англија и е назначен за тренер во академијата на клубот.
Тој по американската авантура ја заврши активната фудбалска кариера и сега почнува нова, во тренерскиот занает.
Управата на клубот одлучила неговото богато искуство и огромно фудбалско знаење да го пренесува на младите фудбалери во академијата на Ливерпул, а со работа ќе започне на почетокот на идниот месец. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: BBC
Прочитано: 17