Охрид/Струга, 22. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Почна пријавувањето за бесплатна бања и бесплатен викенд за пензионери.
До 20- ти февруари во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ќе можат да се поднесуваат барањата за користење на една од услугите.
Пензионерите ќе можат да појдат на бесплатен туристички викенд во Охрид, Преспа- Отешево, Берово, Струга и Крушево. Додека за бањи, пензионерите можат да се одмораат во Негорски бањи, Катлановска бања, Дебарски бањи или во бања Банско.
Шеста година по ред пензионерите ќе можат да се рекрерираат во бања. Изминативе години над 37 илјади пензионери ја искористиле поволноста. Од лани 4.470 корисници на пензија биле на бесплатен викенд. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26