јануари 23, 2017

Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве во британскиот портал „Stay Sure“ беше објавена нова статија за Охрид, каде целото внимание е ставено на езерото.

Под наслов „Истражувајќи го Охридското Езеро во Македонија“ во статијата пишува дека езерото не само што е едно од најстарите и најдлабоките, туку претставува уникатен воден еко-систем, каде егзистираат повеќе од 200 растителни и животински видови. Авторите на статијата ги спомнуваат општите историски карактеристики на градот Охрид, од античко време до поновата историја.

Понатаму се вели дека во јули и август езерото е магнет за бројни туристи, а колку подалеку се патува од центарот на градот, толку поубави се плажите.

Наведени се и најзначајните културни манифестации и фестивали кои се случуваат во Охрид, како и препорака кои културно – историски споменици треба да се посетат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Staysure

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука