Скопје, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Скопски џез фестивал ќе ја организира традиционалната годишна забава.
Забавата ќе биде на 26 јануари (четврток) во Менада (Стара чаршија), со почеток од 21:30. Влезот е слободен.
На традиционалната постновогодишна забава ќе настапи групата Сетстат и ќе бидат промовирани новите календари на Скопски џез фестивал за 2017 година, со фотографии изработени од познатиот словенечки фотограф Жига Коритник.
Сетстат го сочинуваат: Владан Дробицки – тромбон; Васко Бојаџиски – саксофон; Панче Бујуклиев – клавијатури; Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – тапани.
Сетстат се оригинална и препознатлива македонска група која свири современ џез, со познавање на речиси сите музички стилови и одлична уиграност во создавање на т.н. џез уметност. Досега ги имаат издадено абумите: Seth Makes Sense (1993); Within Yourself (1996); Sethstat (2000); Rolling Garage (2004); Korab (2011) и Petite Cinematique (2013). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива