јануари 23, 2017

Струга, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од областа на културно наследство, Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ годинава ќе реализира повеќе проекти.

Музејот ќе добие средства за осовременување на депоата, со што овие активности веќе навлегуваат во втората фаза, а ќе се спроведе и конзервација на етнолошкиот материјал од збирката на Музејот „д-р Никола Незлобински“. Предвидена е едукативна работилница – Културно наследство од Струга и Струшко.

Меѓу позначајните проекти ќе биде изработка на елаборат за ревалоризација на збирката уметнички дела од сликарот Вангел
Коџоман.

Ќе се врши конзервација на метални предмети од збирката на Музејот, потоа замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема: „Лековитетите растенија на планината Јабланица“ и едукативна работилница – „Рибите во Охридското Езеро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука