Охрид/Скопје, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цените на 95 октанскиот бензин, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поевтинува за половина денар.
Горивата поевтинуваат од полноќ.
Литар Еуросупер БС- 95 ќе се продава за 66 денари, а Еуросупер БС- 98 за 68,5 денари. Литар дизел ќе се точи по цена од 52,5 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 41 денар. Поевтинува и мазутот, новата цена изнесува 28,525 денари за килограм.
Малопродажните цени се намалуваат во просек за 1,58 проценти, како резултат на поевтината сурова нафта на светските берзи. (Крај)
извор: erc фото: архива
Прочитано: 40