Охрид/Скопје, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридска банка Сосиете Женерал ја започна Новата година со специјална програма за лојалност за корисниците на услугите на Вестерн унион.
Со специјалната понуда достапна во текот на промотивниот период што ќе трае до 28 февруари 2017 година, Охридска банка Сосиете Женерал го наградува со подарок секој клиент кој ќе направи најмалку три трансакции преку Вестерн унион, реализирани во било која експозитура од мрежата на Банката ширум земјата.
Охридска банка Сосиете Женерал ја овозможува оваа дополнителна услуга имајќи ја предвид потребата за забрзување на процесот на трансфер на пари за голем број семејства ширум светот, за иселениците кои ги помагаат своите семејства во Македонија, за туристите и патниците, како и за деловните луѓе кои сакаат непречено да ги извршуваат своите готовински трансакции. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес