јануари 24, 2017

Охрид, 24. јануари 2017 ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.

Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 2. степени.

vremenska240117– Во среда врнежите ќе бидат од снег и ќе бидат со слаб интензитет, а ќе дува и умерен ветер од северен правец. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утрински температури ќе бидат во опаѓање, а дневните во благ пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука