Охрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Курт Хилшер бил германски фотограф кој во периодот од 1900 до 1930 година патувал низ Европа.
Во средината на 1920 –тите години Хилшер патувал низ цела Југославија и правел книга со пејсажи, држави и народи.
Од повеќето зачувани фотографии од тој период, е и една фотографија од Охрид, како изгледал во 20-те години на минатиот век.
Курт Хилшер е автор на неколку книги во кои се наоѓаат фотографии од Италија, Шпанија, Германија и Југославија.
Неговата збирка е објавена 1926 година во Берлин. Оваа скапоцена книга не се печати повеќе, а сите фотографии се наоѓаат на плоча Agfa Chromo Isorapid. (Крај)
извор: Макфакс фото: Макфакс
Прочитано: 39