Охрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Жири комисијата ја избра поемата „Македонски стар и нов завет“ за најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“ за 2016 година.
Најдобрата поема беше одбрана од трите кои влегоа во најтесен круг, (од вкупно 12 pистигнати): „Слово горко непремолк“ под шифра „892000“, „Македонски стар и нов завет“ под шифра „Библија“ и „Армагедон“ под шифра „Кузман Капидан“.
– Текстот на поемата „Македонски стар и нов завет“ се издвојува со лирско-епското пеење поставено на повеќе нивоа каде низ тонските созвучја одгласува простумот нататковината низ временските длабочини. „Македонски стар и нов завет“ е поема која во себе ја вплотува драматичноста на времето и драматиката на опстојбите низ долгата низа македонски векови. Протекот на дејствието кој надоаѓа од високите врвови на егзистетот на родот понесува со својот полифоничен одглас на каскадната буица низ спектарот на тонови и бои со силна ерупција на метафори. Таа е една кратка, збиена историја на битот на татковината што во целата широчина ги отвора големината на просторот и длабочината на времето од кои пулсира живата енергија на настаните. Кохерентна градба на естетска хармонија низ лирско и епско созвучје, информира претседателот на Комисијата за избор на најдобра поема, Трајче Кацаров. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива