јануари 25, 2017

Охрид, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Возраста не е важна, може да се пријават од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, порачуваат организаторите на новото Талент шоу: OHRID SUPERSTAR кое треба да започне наскоро.

– Започнуваме потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат. Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на она што ние го имаме предвидено, секако дека сакаме да го видиме и споделиме со јавноста. На овој начин сакаме да им дадеме можност на сите да се експонираат и да бидат новата Супер Ѕвезда, додаваат организаторите.

Обезбедени се богати награди за најдобрите и тоа:

– парична награда од 2.000 евра,
– снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и
– старт на Тв и Радио проект

Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook, а својот талент ќе го пријавуваат на маил адресата: [email protected].

Пријавувањето започнува наскоро, а носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети. Медиумски партнери се регионалната О2 телевизија и порталите: OhridPres, Ohrid24, Ohrid1 и Inpress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука