Палермо, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Палермо е во потрага по четвртиот тренер оваа сезона, бидејќи досегашниот Еугенио Корини поднесе оставка од функцијата.
Италијанските медиуми објавија дека Корини клубот го напуштил на сопствена иницијатива, и со тоа избегнал претседателот на клубот Маурицио Зампарини да му додели отказ.
Палермо по 21.коло се наоѓа на 19 место на табелата во Серија А со само 10 поени. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13