Охрид/Лондон, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Визер привремено ја суспензираше авиолинијата Охрид-Лондон, Лутон.
Последниот лет на оваа релација беше реализиран на 11-ти јануари годинава. Повторно оваа линија ќе биде воспоставена на 26-ти март и повторно ќе се спроведува два пати неделно. Оваа авиолинија нискобуџетната компанија „Визер“ ја воспостави во 2015 година.
Што се однесува до летот Охрид – Базел, истиот не е суспендиран и продолжува во текот на зимава. (Крај)
извор: Е Магазин фото: архива
Прочитано: 29