Охрид, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, во хотел „Ривиера“ во Охрид, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи регионална дебата за презентација на резултатите од анализата за постоечките практики на консултација со граѓаните во процесот на креирање политики на локално ниво.
– Дебатата има за цел да овозможи отворен простор за сите заинтересирани страни да го искажат своето мислење за состојбите со граѓанското учество на локално ниво, кои се предизвиците и можностите за надминување на истите, информираат организаторите.
Дебатата ја организираат Локалната агенција за развој од Струга и Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип во рамките на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес