Охрид, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во присуство на бројни пријатели и деловни партнери, денес започна со работа Queen`s Espresso Bar во склоп на новиот ТЦ на КАМ во поранешен „Отекс“.
– Ова е втор локал кој го отвора нашата компанија. Во него ќе се служат ладни и топли пијалоци, торти и колачи од сопствено производство. Исто така нудиме и квалитетно кафе во пријатен амбиент и супер услуга. Веќе долги години имаме искуство во делот на угостителството, а на новата локација се надевам дека ќе ја продолжиме успешната приказна од Центарот на градот. Комплетниот проект на Трговскиот центар е огромен и супер амбициозен и за брзо ќе биде место каде охриѓани ќе уживаат. Отвораме мало катче во кое ќе се одморите после шопингот, ќе нарачате некој од нашите вкусни и необични ладни сендвичи и ќе уживате во десертите, вели сопственикот Боре Размоски.
Во склоп на Центарот, покрај Queen`s Espresso Bar, веќе работи и Sara Fashion и бутик за детска облека, а во најкус рок ќе бидат отворени уште неколку атрактивни содржини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес