Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Фестивалот „Охридско Лето“ во сабота, 28-ми јануари, во Охрид ќе се одржи концертот на „Гласот на Јунан“ – светската атракција од Кина.
Овој музички ансамбл од Пекиншката академија на традиционалната музика вечерва ќе одржи два концерти во Скопје.
– Кинеската музика може да се пофали со историја која се протега и до неколку илјади години во минатото, а токму провинцијата Јунан е позната по исклучително високиот степен на етничка разноликост. Тука припаѓаат најголемиот број на етнички групи помеѓу провинциите на Кина. Од 56-те официјално признати етнички групи на Кина, дури 25 се наоѓаат во Јунан, велат од „Охридско лето“.
Билетите за двата концерти се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс со цена од 300 денари за концертот во Скопје и 200 денари за концертот во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива