Скопје/Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за филм на Република Македонија, годинава во Охрид ќе организира филмска работилница.
Станува збор за европската филмска работилница „Мидпоинт“, која ќе се одржи во јуни во Охрид. Втората филмска работилница „Маја“ ќе биде за време на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола во септември.
Директорката на Агенцијата за филм на РМ Мими Ѓоргоска Илиевска истакнува дека Агенцијата континуирано работи на унапредување на филмската дејност, а освен Скопје и Битола, се вклучуваат и други градови за организирање на меѓународни филмски фестивали и други настани од областа на филмот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27