Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Културната манифестација Прличевите беседи годинава ќе се одржи на 5-ти февруари, недела.
Според најавите од Центарот за култура, манифестацијата ќе биде со изменет концепт.
Освен доделувањето на наградата, посетителите ќе можат да ја погледнат и претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, во режија на Константин Плевнеш.
Инаку, поемата „Македонски стар и нов завет“ е избрана за најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“ за 2016 година. Најдобрата поема беше одбрана од трите кои влегоа во најтесен круг, од вкупно 12 пpистигнати. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24