Лил, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекцијата на Франција не дозволи изненадување против Словенија во првиот полуфинален меч на СП во ракомет и со победата од 31-25 бранителот на титулата се пласира во финалето.
Франција до победата ја предводеа Порт и Ремили, а во напаѓачкиот дел доминираа и најискусните Нарсис и Карабатиќ. Голманот Жерар кој доби шанса наместо Омејер имаше 15 интервенции,Ремили постигна шест гола а Порт еден помалку.
Франција противникот во финалето ќе го дознае вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален дуел помеѓу Хрватска и Норвешка. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19