Барселона, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона е последниот тим кој се пласира во полуфиналето од Купот на Кралот откако во четвртфиналната пресметка со вкупни 6-2 го елиминира Реал Сосиедад.
По минималната победа во првиот меч од 1-0 на гости во Сан Себастијан, каталонците синоќа во реваншот на Камп Ноу славеа со 5-2.
Освен Барселона пласман во полуфинале на Купот на Кралот изборија Алавес, Селта и Атлетико Мадрид. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 12