Охрид, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на оваа година охридските земјоделци кои ќе употребуваат сертифицирано семе ќе добијат по 12.000 денари, а другите кои ќе сеат со обично семе двојно помалку или субвенции од само 6.000 денари за хектар.
Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ќе добијат иста субвенција како лани од 12.000 денари за хектар. За другите, субвенцијата ќе изнесува двојно помалку односно 6.000 или 1.000 денари помалку од минатата година.
Според програмата, во делот на новитети за субвенционирање на житните култури, за површина ќе се добиваат и дополнителни 4.800 денари за нивите, со големина од 10 до 50 хектари. Услов е да се употреби сетрифициран семенски материјал и да се добијат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за јачмен или 1.800 килограми по хектар за сончоглед. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива