Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе се одржи традиционален бразилски џиуџицу семинар, под водство на Ивица Алексовски, кафеав појас и претседател на Македонската БЏЏ Федерација.
– Ваков тип на семинар се одржува два пати во годината, и конкретно овој е 8-ми по ред кој го организираме кај нас. Семинарот е со цел размена на искуства и знаење, изучување на техники од областа на џиуџицу-то, доделување повисоки степени и запознавање со основите на џиуџицу за сите кои прв пат се среќаваат со оваа вештина, велат организаторите.
Семинарот ќе се одржи во просториите на ИБ Фитнес во Охрид, со почеток од 11 часот, а во организација на Клубот за бразилски џиуџицу ROOTS BJJ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ROOTS BJJ
Прочитано: 25