Мелбурн, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Серена Вилијамс во големото финале во Мелбурн ја победи својата сестра Венус со 2-0 во сетови (6-4,6-4), во нивното прво финале на гранслем турнирите по пауза од пет години.Серена од денеска е најдобра во историјата на женскиот тенис откако со победата на Australia Open стигна до својата 23. гранслем титула, оставајќи ја зад себе досегашната рекордерка Штефи Граф.За Серена, ова е седма титула во Мелбурн и со неа ќе се врати на првото место на ВТА листата бидејќи досегашниот лидер Ангелик Кербер доживеа рана елиминација. (Крај)
извор: Спорт ТА фото:FB
Прочитано: 14