Манчестер, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Челзи и Манчестер јунајтед се подготвени да ја платат откупната клаузула за Јаник Караско, вредна 100 милиони евра и да го доведат во Англија во текот на летниот преоден рок.
Белгиецот игра одлично оваа сезона во дресот на Атлетико Мадрид, и го сврте кон себе вниманието на големите европски клубови. Со клубот од „Висенте Калдерон“ има договор до 2022 година, но англиските клубови се подготвени да ја платат вискоката откупна клаузула.
Караско на 25 натпревари оваа сезона за Атлетико Мадрид постигна десет гола и има три асистенции. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14