Скопје/Охрид, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Центарот за истражување на предисторијата ќе организира промоција на книгата „Македонските бронзи: религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан“ на проф. д-р Никос Чаусидис.
Промоцијата ќе се одржи на 1-ви февруари, среда, во 20:00 часот, во Археолошкиот музеј на Македонија.
Монографијата ги обработува македонските бронзи – археолошки предмети од VIII – VI век пр.н.е., пронајдени во Македонија. Дел од овие артефакти, кои се спомнати во книгата, се пронајдени на тлото на Охрид. Голем дел бронзени предмети, беа пронајдени летово во Охрид, кога беа откриени 85 гроба од кои 12 датираат од македонско-хеленистички период, односно некаде од трети и втори век пред наша ера, а останатите се од османлискиот период, од 15 до крајот на 18 век. Меѓу артефактите беа пронајдени бронзени садови, бронзени копчиња и други предмети. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива