јануари 31, 2017

Скопје, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашната најава од кабинетот на Претседателот на Република Македонија дека претседателот Ѓорге Иванов ќе започне консултации со надлежни институции и политички партии, денеска Иванов ќе оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.

Вчера, македонскиот претседател оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренесе ставовите на Европската унија во врска со ова прашање. (Крај)

извор: А1он/МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука