Избор Охрид

Младински обуки за извидници во Охрид од 2-ри до 5-ти февруари

Скопје/Охрид, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за младински активизам Цма Крик и Сојузот на извидници на Македонија ќе спроведат обука за младински работници во Охрид.

Обуката ќе биде од 2-ри до 5-ти февруари во Извидничкиот центар Охрид. Исто така од февруари до мај ќе се организираат младински програми. Младинските програми се наменети за млади лица на возраст од 10 до 18 години кои се со попреченост и без.

Овие активности на извидниците од Македонија се дел од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).

Целите на проектот се да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници; да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование; да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без.

Во делот на активностите, Охрид ќе биде вклучен и во месец мај. Тогаш ќе се организира евалуационен настан наменет само за младинските работници во месец мај во Извидничкиот центар Охрид ИЦО.

Во Скопје на 30 и 31 мај ќе се презентираат резултатите од програмите од сите градови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука