Избор Култура Охрид

Три генерации од уметничкото семејство Наумовски излагаат во Абу Даби

Охрид/Абу Даби, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве во Абу Даби, Обединети Арабски Емирати започна културната манифестација „Месец на Македонска Уметност“.

naumovskiizlozbaabudabi1 naumovskiizlozbaabudabi2На ликовната изложба која по тој повод беше отворена на 28-ми овој месец, во галеријата Abu Dhabi Art Hub, покрај четворица други ликовни уметници од Република Македонија, учествуваат како гости со нивни дела и Вангел Наумовски, Рубенс Наумовски и Јана Наумовска. Вангел Наумовски е претставен со 3 масла на платно и 3 акрилици на хартија. Рубенс Наумовски е претставен со 7 масла на платно, а Јана Наумовска со 3 масла на платно.

naumovskiizlozbaabudabi3 naumovskiizlozbaabudabi4Ова е за прв пат тројца, од три генерации на фамилијата Наумовски да излагаат заедно, прв пат во Абу Даби и прв пат Јана Наумовска да се претстави со свои дела пред јавност.

naumovskiizlozbaabudabi5Изложбата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во ОАЕ господинот  Сашо Ташевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука