Скопје/Охрид/Струга, 01. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе забрана за ловење на дивеч – диви птици.
Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца – птичји грип.
Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37