Охрид, 01. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две лица вчера сториле казнено дело „измама“, извршено на улицата „7-ми ноември“ во Охрид.
Околу 10:30 часот, двете лица на околу 55 годишна возраст пресретнале повозрасен жител на Охрид и започнале разговор со него. Едниот човек бил претставен како жител на Израел, кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати отштета. Лицата побарале од охриѓанецот кој го запреле да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на отштетата, нудејќи му во залог рачен часовник кој, според кажувањата вредел 4.000 евра.
Верувајќи во кажаното и со желба да му се помогне на странецот, охриѓанецот им дал 1.000 евра и поверувал дека заемот ќе му биде вратен.
По примената пријава од оштетениот, СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива