Дојран/Гевгелија, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граничниот премин Евзони-Богородица ќе биде блокиран за сообраќај до петок, 3 февруари, одлучија грчките земјоделци кои од понеделникот штрајкуваат.
Утре синдикатот на грчките земјоделци и фармери повторно ќе одлучуваат дали ќе продолжат со блокадите.
И од двете страни на границата веќе се создадени долги колони со камиони. Освен на границата со Македонија, блокади има и низ цела Грција. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 22