февруари 2, 2017

Скопје/Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните до 31 август годинава ќе можат да аплицираат за субвенции за вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци, како и за инсталирани сончеви колектори во нивните објекти.

Министерството за економија ги распиша двата огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени елементи со кои се подобрува енергетска ефикасност на објектите и се ползуваат обновливите извори на енергија. Со средства од државниот буџет ќе се покријат до 30% од направените трошоци за вградување на сончев колектор, но не повеќе од 300 евра. Бенефицијата можат да ја искористат оние граѓани кои досега не добиле субвенција за оваа намена во периодот од 2007 година до денешен ден. Извлекувањето на добитниците на субвенции ќе се одржи на 22 септември во спортската сала „Борис Трајковски“.

Во делот на вградувањето на ПВЦ и алуминиумски прозорци, Министерството за економија ќе надомести до 50% од трошоците за нивна изведба, но не повеќе од 500 евра по поднесено барање. (Крај)

извор: Build.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука