Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид од утре започнуваат свеченостите во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се одбележува годишнината од смртта на Григор Прличев, а истовремено се чествува ликот и делото на најпознатиот охридски поет и преродбеник.
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре на пладне ќе има промоцијата на поемата „Екот на вековите“ на авторот Мирко Томовски. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Зоран Јакимоски.
Традиционалната манифестација „Охридска визита“ ќе се одржи на 6 февруари. Ќе се одржи книжевен портрет на Јовица Тасевски – Етернијан, како и промоција на адаптираното издание на прличевата „Автобиографија“ на Славе Ѓорѓо Димоски.
В понеделник ќе се одржи и панихида на гробот на Прличев, ќе биде поставен ловоров венец пред неговиот споменик во центарот на Охрид.
Посебна програма за „Приличевите беседи“ ќе има во недела, 5-ти февруари во Центарот за култура во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива