Охрид, 3. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Очигледно не ме сака ова чудовиште од планина. Но, таа не може никогаш да биде поупорна од нас, напиша на својот профил на Facebook охридскиот планинар Мишко Танески откако не успеа да го освои највисокиот врв во Јужна Америка.
– Кал, студ, прашина, мраз, солзи, радост, тага, жена, деца, семејство, пријатели, премрзнати образи, смрдлива вода, очај, потпевнување, Филип, Даниел… Ова беше нашиот живот 12 дена борејќи се со ова ремек дело на вечниот владател. Очигледно не ме сака ова чудовиште од планина. Но, таа не може никогаш да биде поупорна од нас, напиша Танески, кој се заблагодари за поддршката до сите пријатели.
Ова беше негов трет обид да го освои врвот во Јужна Америка, овој пат заедно со Константин Георгиевски.
Мишко во „Радио Корнер“ на Супер радио
Мишко Танески е еден од најактивните охридски планинари. Тој бил дел од повеќе меѓународни мисии во Европа, Азија и Јужна Америка. Меѓу позначајните негови мисии во изминатиот период е искачувањето на врвот Разделнаја на планинскиот масив Памир во Киргистан, висок 6.210 метри, потоа 5.642 метри високиот врв Елбрус во Русија. Таневски беше дел од светската експедиција која пред неколку години тргна во освојување на Хималаите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива