Охрид, 3. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес се последните тестирања од екстерната проверка на знаењата на матурантите.
Зависно од распоредот, за некои матуранти тестирањето заврши вчера, додека дел од нив уште денес ќе треба да го покажат своето знаење по одделни наставни предмети.
Со тестирањето се опфатени сите ученици во завршни години во средното образование.
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017. Учениците кои ќе имаат приговор, ќе можат да се обратат писмено до Државниот испитен центар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23