Струга, 3. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против 27- годишниот Б.П. од Дорманген, Германија со постојано место на живеење во село Добовјани.
Лицето се товари за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21-ви јануари годинава полициски службеник пријавил загрозување на сигурноста извршено од страна на пријавениот.
Неколку дена предходно, при преглед над пријавениот, полицискиот службеник пронашол пакување со непозната растителна материја кое било одземено за понатамошна постапка. По ова, пријавениот, изреволтиран од настанот, на 20-ти јануари во повеќе наврати на пријавителот му упатувал сериозни закани. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24