Охрид, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, на повеќе места со слаб дожд, а во западните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини во северозападниот дел од земјава со услови со повремен снег.
Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– Викендов ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со појава на магла претпладне по котлините и речните долини. Ќе има повремен слаб локален дожд претежно во западните делови на земјава. Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат, на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините. До понеделник ќе се задржат повисоки дневните температури и ќе има позначајно топење на снегот, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео