февруари 5, 2017

Охрид, 5. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Поетот Зоран Пејковски е лауреатот на „Прличевата награда“ за 2016 година, која денес ќе се додели во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Од 12:45 часот ќе биде поставена Изложба на ликовни дела на уметници од Република Македонија, која ќе биде поместена во Изложбениот салон.

Од 13:00 часот ќе следи Свеченоста посветена на лауреатот. Прво настап ќе има Хорот при НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид, со изведбата на песната посветена на Прличев – „1762 лето“.

Ќе има обраќање на Директорот на Центарот за култура, Горан Стојаноски, обраќање на претставник од Општина Охрид и претставување на наградената поема за 2016 година „Македонски стар и нов завет”.

Артистичка изведба на поемата ќе имаат актерите Јасмина Билаловиќ и Павел Маслов, по што следи врачување на Повелбата за најдобра поема за 2016 година.

Свечено обраќање ќе има лауреатот Зоран Пејковски.

Во делот на дополнителните содржини, ќе следи драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука