Скопје/Охрид, 5. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за младински активизам Цма Крик и Сојузот на извидници на Македонија спроведуваат обука за младински работници во Охрид.
Обуката започна на 2-ри февруари во Извидничкиот центар Охрид. Исто така од февруари до мај ќе се организираат младински програми. Младинските програми се наменети за млади лица на возраст од 10 до 18 години кои се со попреченост и без.
Овие активности на извидниците од Македонија се дел од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27