февруари 5, 2017

Охрид, 5. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уште денес температурата на воздухот ќе биде повисока, додека од утре, според најавите на метеоролозите, ќе следува нов студен бран.

Утрата ќе бидат прилично студени, додека дневните температури ќе бидат за некој степен пониски од оние кои преовладуваат викендов. Според метеролозите од вторник во Охрид се очекува пад со температура околу нулата. Најниска температура не очекува околу следниот викенд од -6 степени Целзиусови. Од следната недела се очекуваат врнежи од дожд.

Денес, пак, во Охрид нè очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди.

Температурата ќе биде од 3 до 9 степени. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука