Скопје/Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, ќе се зголемат во просек за 0,43%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува и ќе се продава по 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит и со тоа изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,680 ден/кг и изнесува 27,845 ден/кг. (Крај)
извор: erc фото: архива