Скопје/Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари минатата година на тема: „Медијацијата како ефикасен начин на решавање на споровите“, кои меѓу другите градови, се одржаа и во Охрид, според најавите на Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година се продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари.
Годинава исто така во повеќето градови ќе се организираат повеќе промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе се реализираат со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива