февруари 6, 2017

Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Главната диференцијална црта меѓу поезијата и книжевноста произлегува од сопоставеноста меѓу поетското дело и стравноста“ – дава своја определба македонскиот и светски поет Јовица Тасевски – Етернијан.

Тој ги гледа поезијата и книжевноста како вечна смена на две општи формално стилски матрици, или паралелно функционирање, при што едната од нив е доминантна, а во следниот период, како што вели, ситуацијата е обратна.

Во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, се одржа книжевен портрет на поетот Јовица Тасевски – Етернијан. Тасевски пред присутните говореше токму за двете општи формално стилски матрици.

– Првата општа формална стилска матрица, која во различни периоди се јавува во повеќе варијанти, подразбира поголема блискост меѓу стварноста и поетското дело. Кон ова тврдење треба да се придодаде и забелешката дека под поимот стварност не се подразбира само непосредната материјална стварност, туку и психичната стварност. Втората општо формална стилска матрица, наспроти предходната, подразбира специфично, естетски мотивирано оддалечува на поетското дело од стварноста. Во овие дека стрварноста е преобразена, односно авторите во нив создаваат сопствена, замислена стварност, или надстварност, објасна Тасевски.

sredbaeternijan2

Охридскиот поет и литературен критичар Тоде Илиевски, говореше за поезијата на Тасевски, истакнувајќи дека и неколку часови се премалку да се претстави творечката личност како што е Етернијан.

– Поезијата на Јовица Тасевски – Етернијан е симболистичка и хермевтичка. Со овој книжевен правец се поврзува и поимот херметичка поезија, за која е својствена во ограничената комуникативност со читателот. Поезијата на Етернијан е предизвик за херменевтичките проучувања, односно толкувања. Се поставува прашањето, како најкратко да се опише поетската постапка на Етернијан. Би можеле да се повикаме на оне што го рекол авторот Ефтим Клетников, кој напиша: Да се пее песната истовремени и да се промислува, да се поседува свест за истата како феномен на јазикот, тоа е темелниот императив на овој поет, дополна Илиевски.

Името на Јовица Тасевски – Етернијан е присутно во најугледните изданија кај нас, а сѐ почесто се сретнува во изданијата на странските издавачи. Етернијан е чест учесник на меѓународни културни и поетски манифестации, како и добитник на угледни домашни и странски признанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука